По повод 8 Март Денот на жената, ден што се прославува ширум светот за да се почести и признае придонесот на жените во сите сфери на животот па и во учеството во сообраќајот, Станицата за технички преглед Авто Контрол Прилеп во соработка со МВР и сообраќајната струка при С.О.У. Ристе Ристески Ричко денеска во центарот на Прилеп организираше превентивната активност преку делење на флаери и честитка со едукативна соджина, а со цел да се подигне свеста за правата на жените, за рамноправност и за изборот да бидат слободни и еманципирани во сообраќајот.
„Денешниот ден е Ваш ден. Денот на жената е прилика да се покаже вашата смелост, вашата постојаност и вашата неодолива сила. Во светот на патот, вие сте симол на увереност и независност. Вашиот ум и Вашиот дух ја поминувааат секоја далечина. Бидејќи во секој миг на возење, го докажувате вашето величество. Секое возење е ваша приказна, секој притсок на туража е ваш напредок, а секоја стапка на кочница е ваша одлучност. Бидете смели и верувајте во себе, секој километар е нова приказна за испишување.Во вашите раце е сила да го поминете секој пат пред вас. Денес сетете се дека сте нешто повеќе од возач. Драги дами денес и секој нареден ден потсете се на вашата сила и вредност, вие сте водечка сила! Среќен 8 ми Март !“, порачуваат од Авто Контрол.