Зголемен бројот на туристи годинава – Македонија во јануари ја посетила над 47.000 туристи

Facebook
Twitter
Email
Print

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми

Во земјава во јануари годинава се евидентирани 47.761 турист, од кои 40.4 % се домашни, а 59.6 % се странски, соопшти Државниот завод за статистика.

Бројот на ноќевањата во јануари изнесува 102.079, од кои 48.4 % се од домашните туристи, a 51.6 % од странските туристи.

Вкупниот број на туристи во јануари 2024 година, во однос на јануари 2023 година, е зголемен за 10.1 %, a бројот на ноќевањата за 15.2 %.

Бројот на домашните туристи во јануари 2024 бележи раст од 3.0 %, а на странските од 15.5 %.

Бројот на ноќевањата на домашните туристи во јануари 2024 година, во однос на јануари 2023 година, е зголемен за 11.5 %, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 18.8 %.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми