ДЗС: Просечната нето-плата за јануари е 39.542 денари

Facebook
Twitter
Email
Print

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јануари  годинава  изнесува 39.542 денари и во однос на јануари лани е зголемена за 16,5 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика (ДЗС).

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (27,8 проценти), Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината (19,2 проценти) и Земјоделство, шумарство и рибарство (19,1 процент).

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Градежништво (10,9 проценти), Преработувачка индустрија (4,9 проценти) и Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (3,8 проценти).

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во јануари годинава изнесува 59.392 денари.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи