Монахот Јоаким од манастирот Свети Никола во Мариово ракоположен во ѓаконски чин


Во втората недела од светиот и велик пост посветена на Свети Григориј Палама, во црквата Свети Кирил и Методиј во Прилеп се служеше света архиерејска литургија со која чиноначалствуваше неговото високопреосвештенство митрополитот Преспанско – пелагониски и администратор Австралиско – новозеландски г. Петар, а, сослужуваше неговото преосвештенство епископот Велички Никола, протоереј Дејан Секулоски, протоереј Веле Спиркоски, протоѓакон Драган Ѓорѓиевски, ѓакон Димитар Поп Атанасив и монахот Јоаким кој беше ракоположен во ѓаконски чин, сега ероѓакон Јоаким.

 

 

 

„Свештен и божествен органу на Премудроста, светла трубо на богословието, согласно те воспеваме, Григорие Богопроповедниче; но, како ум којшто стоиш пред првиот Ум, кон Него упати го и нашиот ум, за да викаме: Радувај се, проповедниче на благодатта“ (кондак на свети Григориј Палама).

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира