Пожар во близина на манастирот Св.Никола кај селото Прилепец



Пожар на нискостеблеста деградирана шума и сува трева во атарот на с. Прилепец, во близина на манастирот Св.Никола кај Прилеп.

„Во гасењето на пожарот се вклучени 8 пожарникари со 2 ПП возила и 1 теренско возило. Пожарот е на околу 200 м од манастирот и истиот се шири према атарот на с.Волково. Не постои опасност за манастирот“, информираат од Центарот за управување со кризи.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира