ВИДЕО-Николоски: Дали Филипче го гризе фактот што Македонија е на 5 место во светот по починати од корона?


Носителот на листа за пратеници за ИЕ 4, од ВМРО-ДПМНЕ, вечерва при посетата на прилепското село Беровци го повика носителот на листа за ИЕ 4, од СДСМ, Венко Филипче да одговори на 5-те прашања кои тој му ги поставувал на секое јавно обраќање.

„За Венко Филипче, има 5 прашања кои му ги поставувам, еве ќе ги поставам и тука од Беровци вечерва. 

  • Прво прашање, каква е неговата улога во случајот со модуларната болница во Тетово кога 14 луѓе живи изгореа и дали не го гризе совест за таа работа?
  • Второто прашање е колкава е провизијата која ја доби од фирмата за трговија со јужно овошје наречена „Стабри“, регистрирана ни помалку ни повеќе во Хонг Конг за вакцините против корона кои никогаш не стигнаа во Македонија, па македонските граѓани мораше да чекаат ред во Врање за да се вакцинираат?  Вакцини не стигнаа, но провизијата стигна.
  • Третото прашање е каква е неговата улога во приватизацијата на стерилизацијата во здравствените установи во Македонија, која случајно или не ја доби една албанска фирма, која има ист таков скандал во Албанија?
  • Четвртото прашање е каква е неговата улога во притисокот врз сопственикот на една голема болница во Македонија, истата да ја продаде на албанскиот бизнисмен Хлодијан Алабеу?
  • Петтото прашање е каква е неговата поврзаност со семејството Пановски, сопственици на веледрогеријата Пановски, кои се главни протагонисти во аферата „Онкологија“, каде терапија не им била давана на болни од рак за да се полнат приватни џебови?

Еве за почеток нека одговори на овие 5 прашања, па да продолжиме да водиме кампања. Знам дека некој ќе рече дека ова е морбидно, дека е црно, но ова се опашките кои ги влече позади него, а затоа што реши да се врати во политика фер е да му ги поставам овие прашања. Како што е фер и да прашам дали не го гризе совеста што додека во 2020 и 2021 година водеше лична себепромоција и личен ПР, Македонија по црни статистики е на неславното 5 место во светот по број на починати од корона? Повторувам, Македонија е на 5 место по број на починати од корона во цел свет. Дали не го гризе совеста за оваа работа?“, рече Николоски.

Николоски повика на масовна и референдумска излезност за да се ставело како што рече крај со овие типови и да се стави крај на манипулацијата со Македонија.

„Последно кое сакам да го кажам, мора да ја гледаме вистината во очи, вистината во моментот изгледа вака: премиер на држава Талат Џафери, претседател на држава изгубениот и во заминување Стево Пендаровски, министер за надворешни Бујар Османи, министер за финансии Фатмир Бесими, министер за економија Крешник Бектеши. Од првите 5 позиции во државата 4 се на ДУИ, повторувам од првите 5 позиции во државата 4 се на ДУИ. Помал проблем е што се на ДУИ, многу поголем е за што ги користат. Ги користат исклучиво за удирање во темелите на македонската држава и за поништување на македонската држава таква каква што ја знаеме и каква што ја сонуваа нашите претци кои ја создаваа. Затоа не е доволно на избориве да победиме, треба да победиме со најголема можна разлика за да ги направиме промените во владата, за двете политички структури во владата да си одат во опозиција, и СДСМ и ДУИ да одат во опозиција, оние кои правеле криминал да одговараат, криминалците во затвор, чесните луѓе да работат, да се развива економијата, да се развива земјоделието, да носиме странски инвестиции, да помагаме на сиромашните, младите да добиваат шанса и заеднички да ја градиме Македонија“, додаде Николоски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи