ВИДЕО-Проданоски: Промените и Македонија се во ваши раце, со седење дома ништо нема да направите, потребна е масовна излезност


Зад нас се 7 тешки години, години во кои освен хаос и безредие, национални предавства и секојдневни понижувања, масовен грабеж врз грбот на народот и целосен крах на системот, тонење на економијата, не видовме ама баш ниту една позитивна работа од владата на СДС и ДУИ. Доста е, истакна на денешната прес конференција Дејан Проданоски, кандидат за пратеник и претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 

Почитувани прилепчани, почитувани сограѓани,
Зад нас се 7 тешки години, години во кои освен хаос и безредие, национални предавства и секојдневни понижувања, масовен грабеж врз грбот на народот и целосен крах на системот, тонење на економијата, не видовме ама баш ниту една позитивна работа од владата на СДС и ДУИ. Доста е!
Промените се во ваши раце. Од вас зависи во каква Македонија ќе продолжиме да живееме. Дали тоа ќе биде економски стабилна, со инвестиции, развиена во секој поглед, со среќни граѓани кои тука ја гледаат иднината или Македонија опустошена, понижена и обезличена, со граѓани кои размислуваат како да го преживеат денот.
Овие избори не се само претседателски и парламентарни избори, овие се избори на кои народот треба да одлучи за својата иднина, а тоа ќе го направиме само ако масовно излеземе на гласање. Само така ќе си ја вратиме државата на правиот пат. Не дозволувајте со седење дома, некој друг да одлучува за вашата судбина. Така штетата ќе биде за сите без исклучок. Со седење дома ќе се казните себеси, но ќе ги казните и вашите деца, роднини, пријатели, сите оние кои сакаат промени. Потребни се избори со референдумска излезност каде секој од вас ќе го даде својот глас и поддршка.
Како ВМРО-ДПМНЕ ви ја нудиме програмата Платформа 1198, со која предвидовме остварливи и реални проекти и мерки кои ќе го подобрат животот на секој еден.
Македонија е во ваши раце! Со ваша поддршка Македонија ќе ја направиме горда! Број 2 за Гордана Силјановска Давкова и број 2 за Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ и пратеници кои ќе бидат глас на прилепчани во следниот мандат!

Posted by ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп on Петок, 19 април 2024

„Промените се во ваши раце. Од вас зависи во каква Македонија ќе продолжиме да живееме. Дали тоа ќе биде економски стабилна, со инвестиции, развиена во секој поглед, со среќни граѓани кои тука ја гледаат иднината или Македонија опустошена, понижена и обезличена, со граѓани кои размислуваат како да го преживеат денот. Овие избори не се само претседателски и парламентарни избори, овие се избори на кои народот треба да одлучи за својата иднина, а тоа ќе го направиме само ако масовно излеземе на гласање. Само така ќе си ја вратиме државата на правиот пат. Не дозволувајте со седење дома, некој друг да одлучува за вашата судбина.

Така штетата ќе биде за сите без исклучок. Со седење дома ќе се казните себеси, но ќе ги казните и вашите деца, роднини, пријатели, сите оние кои сакаат промени. Потребни се избори со референдумска излезност каде секој од вас ќе го даде својот глас и поддршка. Како ВМРО-ДПМНЕ ви ја нудиме програмата Платформа 1198, со која предвидовме остварливи и реални проекти и мерки кои ќе го подобрат животот на секој еден.

Македонија е во ваши раце! Со ваша поддршка Македонија ќе ја направиме горда! Број 2 за Гордана Силјановска Давкова и број 2 за Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ и пратеници кои ќе бидат глас на прилепчани во следниот мандат“, рече Проданоски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи