Започна проектот „Денови на Свети Кирил и Методиј“ во организација на здружението Платформа за Креативни Концепти Прилеп


Започна проектот „Денови на Свети Кирил и Методиј“, кој е во организација на здружението Платформа за Креативни Концепти Прилеп, подржан од Митрополитот Преспанско – Пелагониски и администратор Австралиско – новозеландски господин Петар заедно со прилепското архиерејско намесништво, Институтот за старословенска култура Прилеп и Општина Прилеп.

 Овој проект има за своја цел да го прошири знаењето на учениците повеќе од она што им се предава во училиштата. Ќе се работи во три групи во кои ќе им предаваат тројца ментори во областа на креативното пишување и изразување, ликовна уметност и историја. Стручните предавачи се познати професори од Прилеп од областа на македонскиот јазик професорката Емона Јованоска, за ликовната уметност професорот Александар Џинго и од областа на историјата професор Горјан Василески. Овој проект– семинар кој ќе се одржува во три саботи на 27.04, 11.05 и 18.05, во форма на работилници кои ќе се одржуваат во прилепските храмови Св. Кирил и Методиј, Св.Благовештение, Св. Петка и останатите храмови, на чии работилници учениците ќе имаат за задача од предавањата што ќе им ги подготват менторите да произведат творби, дела кои ќе бидат прикажани на главниот настан од овој проект, на самиот празник посветен на Светите браќа Кирил и Методиј на 24.05.2024год“, вели Андреј Иваноски од здружението Платформа за Креативни Концепти Прилеп.

 

 

На самиот празник дента после празничната богослужба ќе се приготви свечена академија на која ќе бидат претставени делата односно творбите на учесниците.

Со овој проект сакаме да ја поттикнеме свеста кај младите за древното наше минато, култура и јазик чија заслуга неминовно ја имаат Светите браќа Кирил и Методиј, кои со својата заложба и самопожртвуваност ги поставиле темелите на денешната македонска и сесловенска азбука по која се идентификуваме сите словенски народи. Овој проект има исто така за цел да ги врати младите повторно во црквите од каде што почна писменоста односно од црковните училишта“, додаде Иваноски.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи