На 03.06. Отворен ден за деветтоодделенците во„Кузман Јосифоски – Питу“ – Економијата е крвотокот на општеството



После промоцијата на СОЕПТУ „Кузман Јосифоски – Питу“ во општина Прилеп, општина Кривогаштани и општина Долнени, вработените од ова училиште заедно со учениците ќе ги пречекаат идните средношколци во дворот и во зградата на учениците.

„На штандовите ќе бидат претставени нашите профили Техничар за е-трговија и дигитален маркетинг Економски техничар/бизнис администратор Економски техничар (ДУАЛНА) во соработка со компании – стипендија 3,500.00 ден. Правен техничар Продавач – референт за продажни услуги / асистент деловен администратор- стипендија 3,500.00 ден ученичките компании, младинската организација, соработката со компаниите каде учениците ја изведуваат практичната работа, претставување на проектите во кои учествува училиштето и сите вон-наставни активности во кои учествуваме со нашите ученици“, велат од СОЕПТУ „Кузман Јосифоски – Питу“ – Прилеп.


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира