Утре со голем концерт во центарот на Прилеп на кој што ќе настапат ДНК, Тропико Бенд и Марија Шерифовиќ Прилепска Пиварница ќе одбележи 100 години од своето постоење. Ретки со компаниите не само во Македонија туку и во поширокиот регион кои можат да се пофалат со еден ваков значаен јубилеј. Денеска на прес конференција генералниот директор на компанијата, Сашо Самарџисоки, најави дека утре во Прилеп ќе има вистински спектакл со огромна бина, со 3 лед монитори и многу опрема за светлосни и звучни ефекти. Пивата Златен Дад и Крали Марко од 0.5 литри на штандовите на плоштадот и во сите угостителски објекти утре во Прилеп ќе бидат по промотивна цена од 50 денари. А на штандоите освен намалените цени за пивото по промотивна цена ќе бидат и соковите за 40 и водата за 30 денари.
„Договорено е да се постави музичка сцена која претходно била поставувана во златните времиња на постоење на Пиво Фест во нашиот град, сцената е со димензии 12 на 8 метри, со 3 лед екрани од кои 1 централен со димензии 10 на 5 метри и плус 2 странични со димензии 5 на 3 метри за да може да се гледа од секоја страна секој артист. Ќе има инсталирано исто така многу опрема за светлосни и звучни ефекти.
Ќе имаме поставено 12 шанкови од каде ќе може да се купува пиво и од останатите производи од нашето портфолио, нема да има штандови за припрема на храна како и места за седење поради огромните горештини и повеќе настанот ќе биде во стил на концерт каде со пијалок ќе може да се ужива во звуците на овие извонредни музичари.
Опремата започна да се монтира уште од вчера попладне, ќе се монтира и денес, а од 12 часот денеска ќе биде затворен главниот булевар во општината за да може да се монтира целата опрема која е планирана за овој настан, а ќе биде затворена во сабота целиот ден и недела до 12 часот. Затоа ги замолуваме сите наши сограѓани да бидат трпеливи и да ги користат сите други сообраќајници за да не се случува застој на протокот на сообраќајот во градот. Во сабота попладне булеварот ќе биде затворен, а улицата од едниот до другиот кружен тек ќе биде претворена во паркинг, како би можеле да ги примиме сите гости кои ќе дојдат од страна. Целиот овој настан е уредно пријавен до сите релевантни институции, од сите имаме добиено одобренија за организација на истиот, така да ќе има 2 дежурни возила амбулантни, 1 противпожарна кола, дежурни екипи од ЕВН и Електро Точила која е одговорна за електричната инсталација на настанот.
Голема благодарност да упатам и до градоначалникот на општина Прилеп за безрезервната поддршка која ни ја даде за организирање на овој настан, како и сите служби во склоп на Општината кои беа задолжени за изработување на планот за реализација на истиот и доделување на дозволи за просторот.
Сакам да им се заблагодарам и на Комерцијална банка за тоа што ни дадоа дозвола да го користиме просторот пред банката за поставување на бина, како и на ЕВН, Телеком, Водовод, Комуналец, ТППЕ и Брзата помош, со тоа што веднаш ни излегоа во пресрет на сите наши барања.
На крај сакам да изразам моја благодарност на сите сограѓани и до оние во целата држава кои сите овие години ни се верни и лојални потрошувачи на нашите производи, затоа што ние постоиме заради нив и ќе продолжиме со исто темпо да работиме и да произведуваме висококвалитетни прозиводи, да изненадуваме со нови производи, нови вкусови, како и редовно со промотивни активности.
Едно такви изненадување е припремено и за утрешниот ден, така да на 13.07. во целиот град, во сите угостителски објекти цената на нашите домашни пива ќе бидат по роденденска цена од 50 денари и тоа целиот ден, исто како што ќе биде цената на нашите пива на шанковите вечерта на настанот, Крали Марко и Златен Даб лименка од 0.5 литри ќе се продава за 50 денари, соковите за 40 и водата за 30 денари. Се надеваме дека оваа понуда ќе наиде на одобрување од страна на нашите потрошувачи сите заедно да прославиме за 100 години постоење на Прилепска пиварница. Им благодарам на сите сопственици на угостителски објекти во Прилеп што се приклучија на нашата иницијатива да го прославиме сите заедно роденденот на Прилепска пиварница, да ги намалат цените на домашните пива на 50 денари во текот на целиот ден“, истакна Самарџиоски.