Поевтинуваат дел од горивата од полноќ

Facebook
Twitter
Email
Print

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените
деривати во просек за 0,54 % во однос на одлуката од 29.7.2024 година.

Согласно најновата Одлука, цените на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, дизел горивото и Екстра лесното масло за домаќинство од полноќ се намалуваат за половина денар.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менува. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,321 ден/кг и сега ќе изнесува 44,060 ден/кг.

Од 6.8.2024 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 80,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 83,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 72,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 71,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 44,060 (денари/килограм)

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми