Се случи и седумнаесеттото „ПОЕТСКО МАРКУКУЛЕ“, со нов концепт, со повеќе од 200 автори застапени во Зборникот и над 160 присутни на настанот, од кои 25 гости од странство.
„На 10-ти август ова 2024-то Лето Господово, во втората сабота на месецот, Прилеп повторно беше центар за славење на поезијата и убавиот пишан збор, место кое ги сплоти поетите од десетина земји и од сите градови во Македонија и повторно докажа дека оваа традиционална меѓународна поетска манифестација прерасна во препознатлив поетски бренд“, истакнаа организаторите.
Покровители на проектот ПОЕТСКО МАРКУКУЛЕ 2024 се Општина Прилеп и Градоначалникот д-р Борче Јовчески и Министерството за култура на Република Македонија.
„Клубот на литературни творци Прилеп, како организатор на овој настан, јавно им се заблагодарува на општествено одговорните институции и компании кои ја потпомогнаа реализацијата на овој настан: Прилепска пиварница, ПИ Витаминка-Прилеп, ДОО Магрони -Скопје и НУЦК Марко Цепенков –Прилеп“, додаваат организаторите.