„Љубење со стихови“ по четврт пат во Прилеп

Поетите Лина Димоска и Филип Димкоски,  на 22 август, од 19 часот во клуб Таверна во Прилеп, по четврт пат ќе го изведат нивниот поетски перформанс насловен „Љубење со стихови“.

Станува збор за оригинален концепт на презентирање на нивна авторска поезија, но и поезија од други македонски поети.

Овојпат овие поети и рецитатори, ќе ни испратат родољубиви поетски бакнежи.

„Поезијата е поблиска до вистината отколку историјата-вели Платон. А родољубивата поезија веројатно крие најмногу вистини за битот на еден народ“, велат организаторите.

Присутните, освен авторска поезија од двајцата поети, ќе слушаат и стихови од  Кочо Рацин, Славко Јаневски, Гане Тодоровски, Блаже Конески, Светлана Христова Јоциќ, Силвана Димитриевска и Александар Димкоски.

Досега, овој перформанс два пати беше изведен во Прилеп и еднаш во Битола, a делови од перформансот беа изведени во рамки на манифестацијата „Цртај на македонски“ во Љубојно и во Битола.

Четвртото издание ќе биде збогатено со инструментални и вокални изведби на Милан Секулоски на гитара, Сергеј Настески на кавал и Катерина Попоска како вокал.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи