Продолжува градежната инфраструктурна офанзива во Општина Крушево. За прв пат од своето постоење селото Саждево доби комплетно нова асфалтирана улица со неколку краци. Должината на оваа главна сообраќајница во селото е 1 км.
Со оваа нова инвесиција Саждево добива нов урбан лик, а се подобрува и квалитетот на живот за сите граѓани. Новата инвестиција ќе значи поголема безбедност за пешаците и подобра проодност за возилата.
Локалната самоуправа на Крушево не запира тука и најавува нови инвестиции.
178