Доделени 1.777 ваучери за туризам од по 18.000 денари за работници со ниски примања

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми



Од денеска започнува доделувањето на ваучери-потврди за туризам од 18.000 денари за работници со ниски приходи. Главната цел на оваа мерка е да им се овозможи на лицата со ниски приходи да можат да ги посетат домашните туристички центри и истовремено да им се помогне на домашните туристички капацитети да го зголемат обемот на работа надвор од туристичката сезона.

„Со оваа мерка се опфатени 1.777 лица кои од 15 септември до 1 декември ќе можат да ги искористат ваучерите во некој од угостителските објекти за сместување кои се пријавија во Министерство за економија и труд. Продолжуваме да работиме посветено, ние сме партнер на компаниите, граѓаните и туристичките центри во земјата“, истакна заменик министерот за економија Марјан Ристески.

По ребалансот на буџетот, за оваа мерка се предвидени вкупно 32 милиони денари.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми