На 7-ми септември, Прилеп беше домаќин на посебен Зумба® настан, организиран по повод прославата на јубилејот на Бети Зин како Зумба инструктор. Овој незаборавен настан ги собра љубителите на Зумба, инструктори и ентузијасти од цела Македонија и регионот, кои заедно ја споделија радоста и позитивната енергија на танцот и фитнесот.
Зумба® е светски позната фитнес програма која комбинира елементи на танц и кардио тренинг, инспирирана од латино музиката. Оваа програма го прави вежбањето забавно и динамично, а нејзината популарност расте низ целиот свет, вклучувајќи ја и Македонија.
Специјален гостин на настанот беше Селуко Фернандез, еден од најпознатите Зумба презентери од Шпанијa, кoj беше еден од 5-те финалисти Zumba Next Rising presenter на ZINCON 2017 година во Орландо. Селуко е познат по својата уникатна енергија и харизма, и остави незаборавен впечаток на сите присутни. Неговата посета го направи настанот уште повпечатлив.
Настанот започна со meet$greet состанок за инструктори, размена на искуства, информации и нормално можност за фотографирања и снимање видеа низ центарот на Прилеп. Попладнето продолжи со Zumba® Jam Session за инструктори, што беше прв ваков настан во Прилеп и Македонија. Инструкторите имаа можност да научат нови техники и кореографии директно од Селуко, што го направи настанот особено значаен за нивниот професионален развој.
Вечерта продолжи со Зумба® Мастер клас отворен за сите, каде љубителите на музиката и танцот можеа да се приклучат на енергичниот ритам и движења. Ова беше прослава на јубилејот на Бети Зин, која ја одбележа својата 10годишна кариера како Зумба инструктор со овој голем настан. Атмосферата беше исполнета со позитивна енергија, одлична музика, и многу забава.
Целиот настан заврши со заедничка вечера во опуштена атмосфера. Благодарност до сите учесници и инструктори од Србија, Хрватска,Бугарија и Македонија кои беа дел од овој Зумба мастерклас, како и до спонзорите кој дадоа поддршка на овој несекојдневен настан Прилепска Пивара, Тритекс, Аптеки Ментафарм и Добра Вода.
Овој Зумба® Мастер клас не беше само настан, туку и прослава на љубовта кон танцот и фитнесот, како и значајниот јубилеј на Бети Зин. Сите учесници си заминаа со полни срца и нови искуства, а Прилеп ја покажа својата подготвеност да биде дел од вакви меѓународни Зумба настани. Со нетрпение го очекуваме следното издание!
Фото и видео: Другарчето Тасо.