На наше огромно задоволство во текот на вчерашниот ден јас лично во името на Општина Прилеп ги поднесов планираните проекти до Министерството за локална самоуправа, кои што се од особено значење за развојот на нашиот град и кои очекуваме да бидат поддржани од Владата на Република Македонија. Овие проекти беа дел од нашата визија за подобра инфраструктура и развој на општина Прилеп!
Четирите проектите кои ги поднесовме вклучуваат:
- Изградба на кружен тек на улица „11-ти Октомври“, улица „Кеј 9-ти Септември“ и улица „Кеј 1-ви Мај“ (мост „Табана“) – 2.100.000 евра.
- Изградба на дел од улица „Победа“, од крстосница со улица „Александар Македонски“ до крстосница со улица „Павел Шатев“ – 35.000.000 денари.
- Реконструкција на постоечки водоводни линии во градска четврт Карабдалица. (во централното градско подрачје) –
- Реконструкција на дел од јавна површина со партерно уредување и поставување на урбана опрема во централното градско подрачје на Прилеп (кај хотел „Скопје“) – 20.000.000 денари
Во оваа прилика сакам да изразам огромна благодарност до премиерот Христијан Мицкоски, затоа што за првпат општините во Македонија ја добиваат потребната помош од Владата и имаат вистински партнер. Со оваа соработка сигурен сум дека ќе постигнеме дополнителен развој на нашата општина што е и нашата цел и ќе создадеме подобри услови за живот за сите наши сограѓани. Ваква помош од Владата е клучна за развој на сите општини во Македонија и се надеваме дека сите наши проекти кои што ги аплициравме ќе бидат реализирани затоа што Прилеп и прилепчани тоа го заслужуваат.