ВИДЕО – Дали единствената надеж за заживување на Мариово е изградбата на Чебрен и слични капацитети?


Мариовско – Мегленските средби, чија цел е промоција на целиот овој крај, и негово повторно заживување одбележуваат 40 години постоење. Но за жал Мариово денес е најненаселената обпаст во Европа, вистинска пустелија, без основни услови за жвиот, заборавена од сите државни органи досега. Единствената надеж за развојот на овој крај Мариовци сега го гледаат во изградбата на Чебрен и други слични капацитети.

Регион кој што располага со огромни можности за развој и огромни потенцијали, со огромно богатство на видливи и скриени материјални добра. Пред се рударството, енергетиката, сточарството, земјоделието и ред на други работи за кои на времето Мариовците беа едни од накпочитуваните“, изјави Стојан Ѓуроски, претседател на здружението Мариовско – Мегленските средби.

 

Мариовскиот регион може да се развива и со планираната изградба на хидроцентралата, сметам дека тука сигурно се направени и се прават сериози анализи истражувања и сметам дека и со изградба на овој мошне значаен економски објект ќе се придонесува во развојот на овој регион“, истакна Проф. д-р Осман Кадриу, Уставен судија.

Мариовци велат дека Мариово се запоставува и комплетно уништува веќе 60 години и тука се прави брутален егзодус. Нема никакви услови за жиовот и тој што сакал да остане морал да замине. Од некогаш најбогатиот сточарски крај со познати млечни производи сега нема ниту сенка од таа славна приказна.

Мариово во времето имало преку 100.000 говеда, 30 до 50.000 кози, овци итн. Мариово сега е оставено на забот на времето. И од сето тоа што некогаш го имало нема ништо. Единствена надеж за Мариово е да почне да се гради Чебрен. Во овие 30 години по 100 милиони евра да се одделуваа годишно ќе се изградеше досега Чебрен и ќе работеше“, вели Трајче Билјаровски, некогашен стопанственик во Мариово.

Во моментов има само уште 100-тина постојани жители, а тој број од ден на ден е се помал.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи