На 14.09.2024 околу 13 часот во СВР Битола е пријавено дека на регионалниот пат Прилеп – Битола, пред влез за с. Добрушево и с. Клепач, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „фолксфаген” со охридски регистарски ознаки, управувано од С.Н. (66) од Охрид и трактор „ИМТ” со прилепски регистарски ознаки, управуван од С.Н. (41) од с. Канатларци,прилепско.
„Возачот на возилото „фолксфаген“ и неговата сопатничка З.И. (44) од Прилеп се здобиле со тешки телесни повреди, а возачот на тракторот со телесни повреди, констатирани во болниците во Битола и Прилеп. Увидот го извршила увидната екипа на ОВР Прилеп“, велат од СВР Битола.