„Малите тркала за голема промена“ – најмалите во Прилеп со тротинети ќе го одбележат Меѓународниот ден без автомобили

Во недела, 22 септември, со почеток во 11:00 часот, пред Камената бина во Прилеп ќе се одржи настанот „Малите тркала за голема промена“ по повод Меѓународниот ден без автомобили. Оваа година, најмладите ќе бидат во фокусот – дечињата ќе возат тротинети низ центарот на градот, симболично придонесувајќи кон поеколошка иднина.

Апелираме до родителите чии дечиња сакаат да учествуваат на овој настан да обезбедат соодветна заштитна опрема со цел децата безбедно да ја извозат предвидената рута.

На голема радост на сите деца оваа дружба ќе биде збогатена со убава музичка програма.

„Настанот има за цел да ја подигне свеста за алтернативните начини на транспорт, да го намали загадувањето и да ја поттикне физичката активност кај децата. Придружете ни се и заедно да ја поддржиме иницијативата за почист и поодржлив град!“, велат од Општина Прилеп.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи