ВИДЕО – Светскиот ден без автомобили ООУ „Кочо Рацин“ Прилеп го одбележа со велосипедска и планинарска тура


Светскиот ден без автомобили ООУ „Кочо Рацин“ од Прилеп го одбележа со велосипедска и планинарска тура, на која учество зедоа сите ученици од 4 до 9 одделение. Велосипедската тура беше на релација од зградата на ООУ „Кочо Рацин“ до селото Старо Лагово, а планинарската тура од училиштето до селото Волково. Ова е втора година како се организира овој настан чија цел е да се подигне свеста за зачувување на животната средина.

„Со тоа сакаме да се развие свеста и кај големите, но и кај малите, дека автомобилот не е единствено превозно средство, тоа може да биде и велосипедот,  а исто така уште повеќе на училиште може да се оди и пешки. Затоа што јас гледам дека многу родители своите деца на училиште ги носат со автомобили. Оставете ги децата да се движат пешки, а со тоа им се развиваат моторичките способности, а исто така нека возат и велосипеди за почиста животна средина“, истакна Јулијана Тренкоска, директор на ООУ „Кочо Рацин“ – Прилеп.

Ова е втора година како се организира овој настан чија цел е да се подигне свеста за зачувување на животната средина. Лани на настанот учествувале само 2 класови од одделенска настава, а сега тоа е преминато во масовна манифестација.

„И веруваме дека многу повеќе ќе придонесеме еве за развивање на нивната свест и тие понатаму да ги едуцираат и да овозможуваат нивните родители да ја разверат целат дека возењето на велосипед не е само забава и рекреација, туку и грижа за чистиот воздух. А од друга страна надлежните да се потрудат на Прилеп да му дадат малку повеќе простор и можност за да бидиме сите на велосипед“, изјави Наташа Мирческа, наставник во ООУ „Кочо Рацин“ – Прилеп.

 

„Оваа активност е создадена за да ја поттикне свеста на децата и возрасните за на училиште да не се оди цело време со автомобили и за да има почист воздух. Може да се оди освен со велосипед исто така и пешки, со тротинет, по можност не електричен, за да не за загадува околината“, кажа Милана Христоска, ученик во ООУ „Кочо Рацин“ – Прилеп.

Идејата е идната година настанот да добие на уште поголема масовност и на него да се вклучат и други уЧеници од Прилеп.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи