На денешната Света литургија, со која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство, нашиот архиереј господин Петар, по повод празникот Крстовден, во црквата Свето Благовештение во Прилеп, со чин протоереј ставрофор (крстоносец) беа одликувани архиерејскиот намесник на Прилепското архиерејско намесништво Влатко Ристески и старешината на храмот Свето Благовештение Илчо Смилески, по одлука на Светиот Архиерејски Синод на МПЦ – ОА, а по барање на нашиот надлежен митрополит, за одредени достигнувања во добробитот на нашата света црква. Свештениците беа одликувани одликувани со носење на граден крст. Нека ни е за многу години празникот и вечно да стоиме под спасоносниот крст на нашиот Спасител, Господ Исус Христос.
0