ВИДЕО – 30 ромски семејства од Кичево или околу 150 граѓани од ранливи категории добија социјални станови


30 ромски семејства или околу 150 лица кои престојуваа во населбата „Прилепска“ во Кичево добија социјални станови кои се изградија во населбата Ивани дол во Кичево. Становите се дизајнирани да бидат со површина од 45м2. Ромите кои претходно живееја во крајно нехумани услови покрај градската река велат дека се благодарни за новите домови.

„Се што сме печалеле, ќе работиш цела зима и цело лето за еден фрижидер, ќе дојди реката и ќе го однеси. Ламинати, шпорети, машини за перење, тоа сето оди во отпад, го фрламе, секоја година“, вели еден од новите станари во социјалните станови.

 

Ќе не спасите од поплавите, спасувате и деца мали кои се поплавуваат, трчаме навечер ги спасуваме, ги тргаме, жени, мажи, ги тргаме сите. Ние сме овде преблагодарни. Становите се убави, немаме друг збор што да кажиме“, кажа друг станар на социјалните станови.

Проектот е финансиран од ЕУ, а го реализираше Центарот за граѓанска иницијатива од Прилеп, со поддршка на Општина Кичево и Министерството за труд.

Пристапот ги таргетира ромските семејства со ниски примања, бидејќи истите се изложени на најголем ризик, живеат во подстандардни услови, а се со цел да се одговори на правото на живот, слобода и лична безбедност“, вели Талија Петреска, Центар за Граѓанска иницијатива Прилеп.

 

„Се заблагодарам на ЕУ што нашата општина успеа ја реализираше програмата каде 30 семејства Роми добија станови за живеење во едно достоинствено место, каде што се исполнети сите услови за домување“, истакна Фатмир Дехари, градоначалник на Кичево.

Според Министерството за труд оваа пилот програма може да се реплицира и во другите општини.

Социјалните станови ќе бидат во сопственост на Општината, но секако даде во употреба на населението кое ќе плаќа одредена закупнина за нив. Преку програмата за социјално домување која може да се прошири и во другите општини и тоа може да ни даде насоки како може да работиме со најранливите категории“, изјави Елвис Мемети, претставник на Министерството за труд.

Во Кичево се одржа и завршна конференција на која беше презентиран проект пред НВО и бизнис секторот и релевантни државни институции.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи