ОБНОВЕНО: ВИДЕО- Тројца прилепчани загинаа утрово во сообраќајна несреќа помеѓу автомобил и товарно возило кај с. Лагово


Тројца прилепчани загинаа утрово околу 7.40 минути во тешката сообраќајна несреќа која се случи на патот Прилеп – Битола во близина на селото Лагово помеѓу возило марка „тојота“ со прилепски регистарки таблици, управувано од Н.В. (42) од Прилеп, каде сопатници биле и прилепчаните А.Р и Ф.Ј и товарно моторно возило „волво“ со скопски регистарски ознаки управувано од Г.Р. (51) од Битола. До несреќата дошло кога од засега непознати причини најверојатно се случил директен судир помеѓу двете возило и од сударот истите се запалиле. На лице место починале трите лица кои се возеле во автомобилот „тојота“. Како точно дошло до несреќата се уште се испитува.

„Тројцата патници што биле во патничкиот автомобил се мртви, од силината на ударот и автомобилот и товарното волзило се опожарени. Најверојатна причина за оваа сообраќајна несреќа е неприлагодена брзина на условите на патот. Ние као медицинска екипа констатиравме смрт на 3 лица и едниот повреден, учесникот кој бил во камионот е итно пренесен во Општата болница во Прилеп со телесни повреди“, истакна Боше Милошески, началник на Итна помош Причеп.

Против пожарната екипа на Прилеп интервенирала со 5 возила и 12 пожарникари. Во моментов се уште гори на местрото на несреќата. Материјалот кој го пренесувало товарното возило, се претпоставува некој вид на сунгер, тешко се гаси. Во моментов исто така увидните екипи трагаат дали случајно во несреќата учествувале и други лица.

„Во 7.45 часот утрово добивме пријава за камион кој гори на патот Прилеп – Битола кај селото Лагово, тоа беше првичната пријава, кога дојдовме на лице место увидовме дека не е само камион кој гори туку има и патничко моторно возило и дека се случило некоја сообраќајка во која има и жртви. Точниот број се уште се утврдува. Телата не се вадат се додека не дојди јавен обвинител да се изврши увид од крим техника и да се утврди точниот број на мртвите луѓе. Сега засега ова е ситуацијата, ние го обезбедуваме просторот, има и бензиои и нафта истечено, она е хибридно возило со литиумски батерии се надеваме дека нема да се случи експлозија“, додаде Виктор Стојчески, заменик командир на ТППЕ Прилеп.

Во моментов увид вршат екипите на крим техника, полицијата и јавен обвинител, а на терен се уште се присутни и екипи на итната помош и ТППЕ Прилеп кои се обидуваат целосно да го изгаснат пожарот. Засега ова се првичните информации, а  се очекува повеќе детали да има подоцна во текот на денот.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи