На 5 и 6 октомври 2024 година ќе се одржи настанот „Прилеп Фото Фест“, кој ќе се одвива на две локации во Прилеп и Крушево и ќе понуди разновидни активности за љубителите на фотографијата.
Програма:
5 октомври 2024 (сабота)
Локација: Фоаје НУЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп
- 18:00 часот – Отворање на две самостојни изложби:
- Мери Бошкоска: „Црно-бели фрагменти“
- Димитар Ристески: „Светот одозгора“
Локација: Градска библиотека „Борка Талески“ – Прилеп,
- 19:00 часот – Фото работилница, предавач Александaр Томовски, мајстор на фотографија на НФУМ.
- 20:00 часот – Проекции на фотографии од автори од Македонија, Кралството Бахреин, Србија и Турција, и
Групна изложба на уметнички фотографии
- 20:30 часот – Коктел
6 октомври 2024 (недела)
- 10:00 часот – Фото сафари во Крушево