Во чест на големото дело на хероите од НОБ и во пресрет на „11 Октомври“-Денот на македонското востание, утревечер во 18:00 часот во библиотеката „Борка Талески“, ќе се одржи „Вечер на родољубива поезија“.
Историчарот Горјан Василески ќе се осврне на нашето славно минато.
Членови на Клубот на литературни творци ќе читаат избор родољубива поезија.
Настанот ќе го модерира, Филип Димкоски.
Ова достоинствено одбележување на „11 Октомври“ е во организација на библиотеката „Борка Талески“ и Клубот на литературни творци.
Настанот е дел од Програмата на Општина Прилеп, посветена на „11 Октомври“.
71