Во чест Тоше, Стефан Житошански ќе вози вело тура Крушево-Нова Градишка, 900 км. за 5 дена



Во чест и спомен на Тоше Проески, Стефан Житошански започна вело тура од Крушево до Нова Градишка, планира да помини 900 км. за 5 дена. Тој вчера ја заврши првата етапа Крушево – Куманово.

„На овој чекор се одлучив затоа што тој беше поразличен човек, многу направи за Македонија и ни остави големи примери со неговите дела и пораки. Беше со поинаква енергија, голем верник и хуманитарец. Тоше и многу повеќе заслужува од ова. Се надевам дека ова ќе се претвори во традиција секоја година во негова чест да вози некој до Нова Градишка. Оваа година сум сам в година да бидеме во поголем број“, рече Житошански.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира