Три лица загинаа кај тунелот Катланово во сообраќајна несреќа


Три лица загинаа, а петмина се повредени кај тунелот Катланово откако се преврте комбе на автопатот Скопје кон Велес. Несреќата се случила попладнево во 17:45 соопштија од МВР. Повредените се префрлени во болница. Дежурниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје и увидните екипи на МВР вечерва вршат увид на лице место на тешката сообраќајна несреќа.

 

 

 

Повикан е ѝ сообраќаен вештак за утврдување на причините. Меѓу првите кои укажале помош биле две екипи на Брза помош од Скопје и една од Велес. Допрва ќе се утврдуваат околностите и точните причини за оваа стравична несреќа.

На автопатот се создадоа огромни колони поради блокирање на сообраќајот, а возилата се пренасочуваат по стариот пат од Петровец до Велес. На располагање е и опцијата Миладиновци – Свети Николе – Штип – Велес.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи