Она што можам да го издвојам од работниот дел од Советот е тоа дека беше донесен трет ребаланс на Буџетот на Општина Прилеп за 2024 година, кој опфаќа неколку измени и дополнувања до крајот на 2024 година, истакна претседателот на Советот на Општина Прилеп, Ирена Стерјоска Локвенец.
„Посебно би сакала од рамките на овие измени кои ги направивме во текот на вчерашната седница и ги опфати овој Буџет е обезбедувањето на средства за награда на пожарникарите од ТППЕ Прилеп, каде обезбедивме средства во висина од 900.000 денари кои ќе бидат наменети како награда на нивниот труд, за нивната хуманост, нивната пожртвуваност кога ја дадоа во периодот кога ние како град Прилеп се соочивме со еден голем пожар во областа Мариово, впрочем тоа беше и најголемиот пожар во историјата на град Прилеп, а за оваа година и најголем пожат во цела Македонија.
На крај би додала само дека донесовме една одлука која исто така има хуман карактер, донесовме одлука за донација на Никодим, наше детенце од нашиот град кое во моментот се соочува со здравствени проблеми во висина од 90.000 денари и со добра мисла му посакуваме да ја помине оваа голгота која ја поминува младиот Никодим и неговото семејство“, додаде Стерјоска Локвенец.