Лишени од слобода жители на с. Борино и с. Житоше кои со трактори превезувале дрво без документација



На 21.10.2024 во атар на с. Белушино, крушевско, полициски службеници од ОВР Крушево ги лишиле од слобода Х.И.(57) од с. Борино, крушевско и А.И.(46) од с. Житоше, крушевско. Тие биле затекнати како со трактори  без регистарски ознаки превезуваат огревно дрво без документација. Од нив биле одземени два трактори, две приколки натоварени со огревни дрва и моторни пили. По документирање на настанот против нив ќе следува соодветна пријава.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи