Во текот на вчерашниот ден се потпишаа договорите помеѓу министерствата и општините, со кои Владата доделува 250 милиони евра на општините за капитални инвестиции. Општина Прилеп конкурираше и доби финансиски средства за 3 капитални проекти за подобрување на инфраструктурата во градот.
„Благодарение на визијата за напредок на премиерот Христијан Мицкоски и неговата посветеност кон развојот на локалните самоуправи, оваа значајна поддршка ќе овозможи реализација на нови проекти во општина Прилеп.
Во следниот период, според распределбата на средствата за сите општини, за Прилеп овие проекти ќе станат реалност:
- Изградба на кружен тек на улица „11-ти Октомври“, улица „Кеј 9-ти Септември“ и улица „Кеј 1-ви Мај“ (мост „Табана“).
- Изградба на дел од улица „Победа“, од крстосница со улица „Александар Македонски“ до крстосница со улица „Павел Шатев“.
- Реконструкција на постоечки водоводни линии во градската четврт Карабдалица, во централното градско подрачје.
Овие проекти се значаен чекор напред за подобрување на инфраструктурата и квалитетот на живот на нашите сограѓани.
Продолжуваме заедно и посветено да ја градиме иднината на Прилеп“, рече Јовчески.