Делот од старата чаршија позади Градскиот Саат во Прилеп повторно стана пешачка зона

Делот од старата чаршија позади Градскиот Саат, или делот каде порано биле сместени занаетчиските дуќани повторно е претворена во пешачка зона. После неколкугодишниот хаос кој се случуваше со дозволата возила да влегуваат и да паркираат во тој дел од центарот на градот и по многуте апели на граѓаните, Општина Прилеп го врати правилото овој дел да биде исклучиво пешачка зона.

„Ве известуваме дека врз основа на Одлука на Советот на Општина Прилеп, бр. 07-1144/6 од 06.05.2009 година улиците:

„Јане Сандански“ –цела, ул. 8 Март- цела и ул. „Републиканска“ од постоечката пешачка зона до спој со ул. „Херој Карпош“, се именувани во пешачка зона и за таа цел оваа одлука треба да се почитува со следната временска рамка за достава на роба: за потреба на деловните објекти кои гравитираат: Од 07-09 часот наутро и 17-19 часот навечер.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи