ВИДЕО – Ристески: Ковачевски седеше по бермуди на бензинска во Прилеп дури се штрајкуваше во Оревоец – СДСМ го потпиша тој криминален договор


Г-дине Фатмир Битиќи многу зборувате за принципи, но принципиелно требаше да одговорите за она што ве прашав: Каде завршија 600.000 евра што ги зела вашата сопруга од нејзината НВО и зошто самопосле 5 дена откако парите легнале на сметка се тргнала од структурите на таа НВО преку Централен регистар и ви благодарам на прашањето дали ми значи нешто Ореовец, истакна денеска пратеникот Петар Ристески.

„Оревоец ми значи многу и затоа на 28 декември 2023 година со господинот бивш премиер Димитар Ковачевски имавме една дебата на пратенички прашања каде што кажував дека со криминалниот договор со Бехтел и Енка што го правите ќе направите 300 криминали и глупости, едно од тие глупости е тоа наоѓалиште што ископувате тампон во Оревоец. Тогаш вашиот премиер ми одговори: Ќе си гласате како попчиња. Е не гласавме, а тогаш знаете што кажа вашиот премиер, ќе дојдам на 8 јули. Ги изгуби изборите и сега ниту некому му значи нешто Ковачевски, ниту Битиќи, ниту дојде во Прилеп ниту ништо. Кога протестираа граѓаните во Оревоец Димитар Ковачевски по бермуди седеше на бензинска во Прилеп. Затоа Петар Ристески ги поддржува тие во Оревоец ама не ги поддржувате вие, бидејќи вие склучивте криминален договор со Бехтел и Енка. Вие му дадовте 22 милиони евра за надзор на фирма за гаќи и маици и долен веш, а не ВМРО-ДПМНЕ. И еве го повикувам Ковачесвки бидејќи на 8 јули не дојде нека дојди сега за да му кажи на граѓаните како и зошто го потпишал тој криминален договор што сега носи вакви последици. А вие да си кажете уште еднаш, каде се 600.000 евра што легнале на сметката на НВО на вашата сопруга“, рече Ристески.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи