ВИДЕО – Алексоски: Пролетва ќе се обнови договорот со Филип Морис, очекуваме поголема соработка и нови работни места


Во моментов целта е да го вратиме прво Тутунски комбинат Прилеп на едно завидно ниво, прво во откупот на тутун, а потоа и да го издигнеме на доста попрофесионално ниво во поглед на изработката на цигари, истакна денеска на прес конференција директорот на ТКП, Александар Алексоски.

„Знаете дека наредна година, напролет ќе се обновува договорот со Филип Морис и се надеваме дека ќе имаме плодна соработка со нив и не само што би ја продолжиле, туку и би ја зголемиле. Тоа би значело и нови вработувања во градот. Спомнав нови вработувања во поглед на тоа ако ја унапредиме и зголемиме соработката со Филип Морис, што значи зголемено производство, а тоа повлекува нови вработувања, во производство“, додаде Алексоски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи