7 годишниот Амар Ајвазоски од Прилеп ученик во ООУ „Добре Јованоски“ од Прилеп боледува од церебрална парализа и му е потребно итно лекување во Турција. Неговите родители не се во можност да ги соберат потребните средства и бараат помош од добронамерни граѓани и општествено одговорни компании. Колективот на ООУ „Добре Јованоски“, на чело со директорката Панде Николоска, ги повикуваат сите хумани граѓани да му помогнат на малиот Амар.
„Драги пријатели, на нашиот ученик Амар Ајвазоски му е потребна нашата помош за лекување во Турција. Ве замолувам да помогнеме да се соберат средства за да се изврши операцијата на малиот Амар. Неговите родители не се во можност да ги обезбедат овие средства, ама затоа ние сите заедно можеме да помогнеме. Ве повикувам сите што сте во можност да донирате, посебно фирмите и добронамерните граѓани! Верувам во вас и вашите благородни срца. За повеќе информации ѕвонете на мојот телефонски број 078-230-041! Ви благодарам“, вели во својот пост на ФБ директорката на ООУ „Добре Јованоски“, Панде Николоска.
Освен на жиро сметката 200004223327224 Стопанска Банка, секој кој сака може пари да остави и во училиштето „Добре Јованоски“.