Одговарајќи на новинарско прашање министерот за здравство Арбен Таравари денеска во Прилеп истакна дека стручната комисија формирана од Министерство за здравство не утврдила лекарски пропуст во лекувањето и исписот на близначињата од селото Славеј кои починаа на 16-ти минатиот месец.

„За среќа нема стручна грешка, тоа се констатации од двете стручни комисии. Ако имаше веднаш ќе бевте известени и ќе кажевме дека имало некаква грешка и веднаш ќе се преземаа одредени чекори за да има дисциплински мерки према медицинскиот персонал кој згрешил. Меѓутоа и ДСЗИ и стручната комисија од Министерство за здравство констатираа дека нема лекарски пропуст“, истакна Арбен Таравари, министер за здравство.