ВИДЕО – 59 издание на „Војдан Чернодрински“ – 9 претстави во официјална селекција и 5 во оф програмата

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми


Под слоганот „Смеј се и осмели се“ оваа година во Прилеп ќе се одржи 59-тото издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“. Во официјалната програма ќе има 9 претстави, а во оф програмата 5 претстави.

„За пофалба е поставувањето на неколку драми од македонски автори, со што конечно може да се види и дел од идејата за етаблирање на домашната драма. Со овој избор на претстави и имајќи ја предвид тековната ситуација со театарските сцени во Прилеп, а во контекст на мојата четиригодишна програма „Враќање дома“, се обидов да ја раскажам актуелната приказна на современиот македонски театар. Таа приказна покажува како се однесува човекот во општеството и како тој човек е одговорен за текот на самото општество. „Човекот и општеството низ смелата и/или насмеана визура или магичноста на сцената“ е насловот на селекцијата со цел тематски да се позиционираат избраните театарски претстави. Во ова издание на фестивалот може да се препознаат и повеќе доминантни музички креации, кои и тоа како треба да бидат акцентирани, наградени и валоризирани“, истакна уметничкиот директор на Фестивалот, Ана Стојаноска.


  Официјална селекција

  1. „12“ според мотивите на „12 гневни луѓе“ од Реџиналд Роуз, во режија на Синиша Евтимов, продукција на Македонски народен театар − Скопје.
  2. „Парови“ од Ана Ристоска-Трпеноска, во режија на Ивана Ангеловска, продукција на Драмски театар – Скопје
  3. „Ричард Трети“ од Вилијам Шекспир, во режија на Куштрим Бектеши, продукција на Албански театар − Скопје
  4. „Слепци“ од Морис Метерлинк и според „Погубни идентитети“ од Амин Малуф, во режија на Ќендрим Ријани, продукција на Турски театар − Скопје
  5. „Црно семе“ од Ташко Георгиевски, во режија на Андреј Цветановски, продукција на Народен театар − Битола
  6. „Бура“ од Вилијам Шекспир, во режија на Џон Блондел, продукција на Народен театар „Војдан Чернодрински“ − Прилеп
  7. „Рацин“, драматург Сашо Димоски, во режија на Дејан Пројковски, продукција на Народен театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ − Велес
  8. „Сите прекрасни нешта“ според монодрамата на Данкан Мекмилан, од Ана Ристоска-Трпеноска, во режија на Нела Витошевиќ, продукција на Народен театар − Штип
  9. „Пар-распар“ од Нил Сајмон, во режија на Нина Николиќ, продукција на Театар Комедија − Скопје

 

Независна продукција

  1. „Вампири“ − театарска минијатура за вампирите во театарот, во режија на Милош Б. Андоновски, продукција на „Театар за сите“ − Скопје
  2. „Снег“ од Максанс Фермин, во режија на Зоја Бузалковска, продукција на „Штрих“ − Скопје
  3. „Сите најубави нешта“ според Данкан Мекмилан, во режија на Дејан Пројковски, изведба Игор Ангелов, продукција на „ОХО продукција“
  4. „Казабалкан“ од Горан Стефановски, во режија на Дамјан Костовски, продукција на Здружение за развој на театарска продукција „Оска“ − Скопје
  5. „Ла Магбет“ според Шекспир, во режија на Шенај Мандак, во изведба на Хакан Даци, продукција на „Хибрид“ − Скопје

Жири комисијата и оваа година ќе биде регионална, не македонска : Иван Меденица, театролог и професор од Белград, Лилија Абаџиева, режисерка од Бугарија и Нела Оташевиќ, продуцентка од Црна Гора.

„Годинава како новина ќе биде изложбата „Прилеп во фокус“ која ќе биде отворена во саботата на 7 јуни. Ќе биде музеј во движење. Ќе биде направена мапа на сите пријатели на Фестивалот на кој што ќе бидат поставени артефакти од тројцата автори: Кирил Ристоски, Благоја Спиркоски – Џумерко и Благоја Ристески – Платнар. Ќе тргнеме по патека од пред Градскиот саат, таму ќе биде проектирана претставата „Арсениј“ која што е дело на Платнар, а таму играат и Џумерко и Кире. И попатно ќе ги поминеме сите пријатели каде ќе бидат поставени тие артефакти и завршуваме во Градската библиотека, каде што ќе бидат поставени артефактите поврзани со Платнар. Неговото семејство ни отстапи една многу завидна ретка збирка на драмите, на сето тоа што го работел и било дел од неговиот ангажман“, додаде Стојаноска.

На иницијатива на семејстово на Филип Стевасноски се поднесе предлог наградата за музика на Фестивалот да го носи неговото име. Собранието денеска ја изгласа таа иницијатива, така што наградата за музика ќе го носи името на Филип Стеваноски. Фестивалот се планира да се одржи од 6 до 13 јуни.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми