Христоски: Продолжуваме понатаму заедно сите! Да го направиме Крушево уште подобро место за живеење!

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми


Почитувани мои сограѓани, мои поддржувачи, сопартијци, истомисленици, добронамерници на нашето заедничко Крушево. По долго размислување и низа разговори со голем број мои поддржувачи, решив уште еднаш да се кандидирам за градоначалник на Општина Крушево за претстојните локални избори кои ќе се одржат во месец октомври, оваа 2025 година, вели во своето соопштение градоначалникот на Крушево, Томе Христоски.

„Вашата, силна поддршка за мојата кандидатура ја доживувам како огромна чест, но секако, и како голема одговорност! Свесен сум дека преземам огромна одговорност и дека влегувам во уште една политичка битка во мојот живот. Доаѓа време кога целото мое искуство, стекнато знаење и вештини, ги посветувам исклучиво на мојот роден град, на Крушево и на крушевчани.

Изминатите осум години со напорна работа и целосна посветеност кон развојот на нашата општина, успеавме Kрушево да биде успешна општина, Крушево да биде препознатлива дестинација, Светска дестинација за сите сезони.

Сите реализирани проекти и проектите кои се во тек на реализација сведочат за едно безбедно, модерно, урбанизирано и убаво градче, а секое населено место поврзано со решени на 90% од горливите проблеми на нашите сограѓани!

За мене, нашето Крушево отсекогаш беше и е на прво место, но во изминатите години го привлече целото внимание на нашата држава и светот.

Продолжуваме понатаму со поголем континуитет!

Ние, сите заедно, со мојот тим и службите, заеднички успеавме целосно да ги реализираме моите две предизборни програми.

По барање на граѓаните беа имплементирани и реализирани голем број на проекти, кои се дури и надвор од програмите.

Најголемата поддршка во изминатите години ја добивав од вас, драги мои крушевчани, со разбирање на вашето трпение, најмногу чекање во решавање на дел од вашите проблемите. Имав и се уште имам големи критики зошто се работи некаде повеќе, некаде помалку, но верувајте се насочивме онаму каде беше навистина потребно да сите населени места се развиваат рамномерно како и градот, имаше голема разлика, навистина е тешко кога некои населени места ги затекнавме без вода за пиење, а во други имаше модерни пешачки патеки и современи улици, додека трети газеја кал до колена. Одевме со единствена цел, ако сите граѓани придонесуваат еднакво кон општината, но и општината треба подеднакво да ги третира и возвраќа подеднакво.

За мене сите граѓани се еднакво битни, како секое населено место и мојот град важни во изградбата на една модерна општина Крушево, затоа заедништвото, слогата и просперитетот се исто така важни за нас без разлика на било каква различност ако сакаме, а мораме да продолжиме напред кон развојот!

Големата доверба која ја добивав од вас ми влеваше сила, ентузијазам и уште поголема енергија. Со вашата поддршка успеавме да го реализираме сето она што заеднички го зацртавме на почетокот од овој мандат.

Третиот мандат и кандидатура ќе значи продолжување на динамичната тенденција на развој на Општина Крушево како атрактивно место за живеење, стекнување на образование, развој на туризмот, спортот, економски развој на градот и населените места.

Уште еден мандат ќе значи реализација на уште една визија, континуитет на започнатите проекти и имплементација на нови идеи!

Ако до сега бевме насочени како да го поврземе Крушево со секое населено место, во наредниот мандат ќе се насочиме внатре, во Крушево, во секое населено место, за да го направиме уште подобро и поубаво место на живеење по европски терк, преку кого сите ќе се гордееме!

Имаме план и визија како Крушево да продолжи по патот на развојот! Граѓаните ќе имаат шанса, заедно да работиме и да го направиме Крушево подобро место за живеење!

Ќе имаат шанса да гласаат за личност, за човек и да бидат сигурни дека следните четири години ќе работиме чесно и во интерес на сите мои сограѓани, со визија, со цел Крушево навистина да го добие вистинскиот сјај како вистински столб на Републиката.

Борбата за Крушево секогаш била и ќе биди поголема од партиската, етничката, верската или било која друга припадност. На град како Крушево, единствено така и му одговара. Никако поинаку.

Во следниот период ќе се посветам на дискусии и средби со членови и поддржувачи, но и низа поединци, групи и организации кои може да придонесат заеднички да ги поставиме темелите.

Голема благодарност до мојата матична партија СДСМ за дадената поддршка и уште поголема благодарност до вас почитувани сограѓани за довербата во изминатите 8 години и вашата поддршка за понатамошни заеднички успеси за Крушево.

Имаме доста недорешени проекти, доста недорешени проблеми и горчливи прашања на дел од моите сограѓани, доста и замеруваат, критикуваат, но ве уверувам Овие избори ќе бидат вистинско Референдумско изјаснување на моите сограѓани за тоа каде, како и што сакаме да направиме со Крушево.

Дали сакаме да се навратиме на Крушево пред 2017 или денес!?

Затоа Ве повикувам сите да ја тргнеме на страна суетноста, партиската и политичката различност, националната и друга разлика и поделби, по примерот на Крушевскиот Манифест, како вистински патриоти за својата општина за своето населено место без разлика на вера, припадност или било какво друго убедување заедно приклучете се на оваа наша идеја да го направиме Крушево едно поубаво, поуспешно место на живеење за сите нас!

Крушево е столбот на Републиката! Крушево е огниште на татковината! Сите сме деца на Илинден! Заедно, можеме да изградиме попросперитетна иднина за сите.Ви благодарам за поддршката, продолжуваме заедно да работиме посветено, одговорно, домаќински за нашето Крушево“, истакнува Христоски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми