Започна асфалтирањето на првиот дел од реконструкцијата на улица „Александар Македонски“ во Прилеп



Денес на ул. Александар Македонски, започна асфалтирањето на првиот дел од реконструкцијата на оваа улица – од кружниот тек кај ЈКП „Водовод и Канализација“ до раскрсницата кај градскиот стадион „Гоце Делчев“.

„Во тек е реконструкција на еден километар од оваа многу прометна улица, која вклучува:

– нов асфалт,

– замена на ивичњаците по целата должина,

– промена на сите шахти.

Ова е дел од нашата годишна програма за рехабилитација на улици. Да потсетиме – неодамна ја реконструиравме ул. Архиепископ Доситеј (Ленин) во должина од 1 км, а следуваат и 6 улички во населба Тризла со вкупна должина од уште 1 км. Продолжуваме да работиме во секоја населба за подобри услови за живот и побезбеден сообраќај за сите прилепчани“, информираат од Општина Прилеп.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира