Ја започнавме политичката кампања за следните локални избори за општина Прилеп. Левица за овие избори, како и впрочем за сите претходни во својата програма предвидува нормални инфраструктурни проекти, нормални комунални решенија кои им се потребни на жителите на општина Прилеп“, изјави Жарко Стеваноски, кандидат за советник на политичката партија Левица за Прилеп.

„Се надеваме дека по бројност на овие локални избори ќе ги надминеме максимумот кој може да го постигнеме за да воспоставиме еден соодветен баланс во Советот на Општина Прилеп како критичка опозиција. Се надевам дека ќе бидеме вистински коректор на локалната власт во реализација на изборната програма за добробит на сите жители на општина Прилеп.
Во суштина Левица за овие избори не нуди никакви брда и долини за жителите на Прилеп, нуди едни нормални проекти кои се потребни за нормално фунцкионирање на обичниот жител, така да не би сакале да се фалиме со решавање на инфраструктурата, тоа е елементарна работа која ниту една локална власт не смее да ја злоупотребува, затоа што се реализираат проекти од парите на граѓаните и треба да бидат за добробит на граѓаните.
Ги повикувам жителите на Прилеп да ја поддржат Левица за следните локални избори, за да би можеле во Советот на Општина Прилеп да видат вистинска борба, вистински критики и да бидеме вистински коректор на локалните власти.
Досегашната слика во Советот е црно бела, впрочем како што знаат сите сограѓани, да ја разбиеме таа монотонија и да воведеме малку свежина. За овие избори имаме доволен број на советнички листи, повикувам на што помасовна поддршка од сите нив, но сметаме дека Левица како една од поголемите, односно како трета политичка партија на власт која учествува на овие избори е вистинскиот кореткор на сите останати. Претходно црно белиот свет да го разбиеме и да воведеме корективност во работењето на локалната самоуправа“, вели Стеваноски.