„Започна кампањата Movember на Златен Даб под мотото „На здравје, за машкото здравје!“

ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици

По три години континуирана поддршка на уролошките оддели низ Македонија, оваа година Прилепска Пиварница одлучи кампањата да добие нов, уште поактивен правец – директна помош и мотивирање на мажите да вршат редовни прегледи за превенција на машкото здравје.

Во рамките на кампањата која ќе трае цел ноември, ќе се поделат лимитиран број на ваучери што ќе ги доделуваме секоја недела, за уролошки и превентивни прегледи во две приватни болници – Аџибадем Систина и Жан Митрев, преку пополнување на формата објавена на следниот линк: www.zlatendab.mk/movember.

„Оваа сабота на 1 ноември, Златен Даб беше покровител на спортско искачување на планината Водно во соработка со планинарското друштво H2O и планинарскиот дом „Даре Џамбаз“, каде се дружевме со добра енергија, одлична музика и ладно пиво. Поводот беше симболично да го официјализираме почетокот на кампањата за машко здравје на Златен Даб – „На здравје, за машкото здравје!“ и приклучување кон „Мовембер“ глобалното движење посветено на машкото здравје, со цел да нè потсети дека редовните прегледи и превенцијата се најважни чекори за долгорочно здравје.“ – изјави Марјан Стоилов, Директор на сектор за продажба во Прилепска Пиварница.

Златен Даб ги повикува сите да се приклучат на кампањата и да направат чекор кон сопственото здравје, затоа што грижата за себе е доказ за вистинска одговорност. Со секоја наредна година, Мовембер во организација на Прилепска Пиварница станува традиција и симбол на одговорност, храброст и заедништво. На здравје, за машкото здравје!

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира