„TUNING CAR SHOW“ Прилеп со донација за дечињата со посебни образовни потреби од ООУ Климент Охридски Прилеп

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми


По 7 пат членовите на „TUNING CAR SHOW“ донираа новогодишни пакетчиња за дечињата со посебни образовни потреби од ООУ Климент Охридски Прилеп. 40 пакетчиња и 40 играчки, кои измамија 40 насмевки, многу љубов и среќа. „TUNING CAR SHOW“ Прилеп уште еднаш докажаа дека освен што се вистински амбасадори на нашиот град кога станува збор за брзината адреналинот и тунираните автомобили тие се и општествено одговорно здружение кое на дело ја докажува потребата од инклузивно општество и доказ дека сите сме исти под ова ова небо.
„Вашата донација за децата со посебни образовни потреби не е само гест на поддршка, туку доказ дека вистинската моќ не е во коњските сили, туку во големината на срцето. Покажавте дека љубовта кон колите може да оди рака под рака со љубовта кон луѓето, и дека најубавите патишта се оние што водат кон насмевка, надеж и верба. Вие не возите само брзи автомобили – вие движите срца. Благодарност што ја надминува брзината, благодарност што останува засекогаш“, истакнаа од ООУ Климент Охридски Прилеп.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми