Во вторник во црквата Св. Петка во Прилеп свеченото доделување на наградите од Божиќниот награден конкурс


Храмот „Св. Преп. мчца. Параскева (Св. Петка)“ – Прилеп ја известува јавноста дека прогласувањето на победниците и свеченото доделување на наградите од Божиќниот награден конкурс ќе се одржи на Бадник, 06.01.2026 година (вторник), со почеток во 11:00 часот, на платото пред храмот „Св. Петка“.

Финалето на Божиќниот конкурс ќе биде збогатено со празнична музичка програма, во која ќе настапат:

  • хорот „Св. Петка“,
  • градскиот детски хор „Мали ангели“ и
  • хорот при ООУ „Св. Климент Охридски“

Ги покануваме сите учесници, нивните родители, ментори и сите граѓани на Прилеп да присуствуваат и заедно да ја споделиме радоста на Божик, прославувајќи ја детската креативност, уметноста и празничниот дух.

Со почит, Организационен одбор на Божиќниот конкурс при храм „Св. Петка“ – Прилеп.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира