24.137.889 прегледи на ФБ за 2025 година на ИНФО КОМПАС. За само една година 10.945 нови следбеници. 31.900 вкупно следбеници до овој момент. Што значи за само 1 година бројот на оние кои не следат е зголемен за 30%. Оваа бројка од над 24 милиони прегледи значи дека бројот на прегледи месечно е над 2 милиони посетители или по 67.000 дневно. Бројки на кои сме особено горди за еден регионален портал, каде работат само двајца.
Реален број на посети, без притисоци, без наредби по телефон или меил за шерување, лајкнување или друг вид на интеракција. Новинарство без поддршка на ниту една политичка партија – курс кој што остана наша дестинација во изминативе 8 години.
За 2025 година 1.543 објавени новинарски содржини, од кои 488 се видео содржини, новинарски прилози, емисии, репортажи, документарни филмови.
Скоро 3.000 следачи на нашиот youtube канал, каде за 2025 има 731.837 прегледи.

Благодариме за вашата голема поддршка. Продолжуваме по овој зацртан пат и во иднина, секогаш како платформа за обичниот „малиот човек“.
И не заборавајте бидете дел од нашата нова рубрика која ја воведовме во 2026 година „Репортер од терен“. Идејата е сите вие, со вашите фотографии и видеа и со краток текст и објаснување за истите, да бидете дел од нашата редакција и да известуваме заедно за сите проблеми кои ги мачат граѓаните на Прилеп, но и околните општини: Кривогаштани, Крушево, Долнени, Македонски Брод. Освен проблемите секако тука се и убавите работи со кои може да се пофали нашиот регион и успесите на граѓаните кои живеат тука, на секое поле од општественото живеење.
Фотографиите и видеата испраќајте ги на нашиот меил: infokompasprilep@gmail.com или во порака на нашата ФБ страна ИНФО КОМПАС. Текстот, фотографиите и видеата може да бидат објавени со вашето име и презиме или доколку сакате анонимно, тоа ќе го нагласите во порака што ќе ни ја пратите. Дискрецијата ќе биде комплетно загарантирана.