Двајца прилепчани фатени како возат со над 2 промили алкохол во крвта – следат кривични пријави

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми

На 28.01.2026 во 01:00 часот на  ул. „Александар Македонски“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода А.К. (35) од Прилеп.  При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници запреле возило „опел” со прилепски  регистарски ознаки, кое го управувал А.К. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,54 промили алкохол во крвта.

На 28.01.2026 во 01:30 часот на  ул. „Цар Самоил“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода А.Т.(43) од Прилеп .  При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници запреле возило „тојота” со прилепски  регистарски ознаки, кое го управувал А.Т., и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,13 промили алкохол во крвта.

Тие се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случаевите против нив ќе биде поднесена соодветна пријава по член 297-а од Кривичниот законик- „безобѕирно управување со моторно возило”.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми