ЈКП „Комуналец“ започна со темелно чистење на градската река во Прилеп – ги замолува граѓаните да не фрлаат отпадоци во коритото

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми

Комуналните работници темелно ја чистат  Градската река покрај минорот, од отпадоци донесени со врнежите, но и купишта отпад исфрлени во коритото на зелените површини од несовесни граѓани.

„Се замолуваат одредени граѓани и  сопственици на бизниси, дел кои гравитираат околу градската река, отпадот да го собираат и го предаваат на комуналните работници, а не да го исфрлаат во градската река.

За 3 дена работа на комуналните работници, собрани се 98 црни вреќи со отпад, што говори за нашата култура на живеење.

Секој отпад има свое место, а во општинава скоро на секој чекор е поставена комунална инфраструктура каде може да се одложи отпадот.

Потребна е само желба за чистота, и љубов кон градот“, велат од ЈКП „Комуналец“.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми