Д-р Борче Јовчески – специјалист ортопед, се враќа во прилепската болница, д-р Емилија Спасовска Златков нов специјалист анестезиолог

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми


ЈЗУ Општа болница со проширена дејност – Прилеп официјално информира дека по завршувањето на својот мандат како градоначалник, д-р Борче Јовчески – специјалист ортопед се враќа на работа во болницата и повторно станува активен дел од ортопедскo- трауматолошкиот тим.

Враќањето на д-р Јовчески е значајно за установата и за пациентите, затоа што ортопедијата е една од најбараните гранки во секојдневната болничка пракса – од третман на повреди и скршеници, до дијагностика и лекување на состојби на коски, зглобови и лигаменти. Неговото повторно ангажирање носи континуитет во стручната работа, дополнителна стабилност во тимот и можност за побрза и поефикасна ортопедска услуга, особено во делот на амбулантските прегледи, болничкото лекување и постоперативната грижа.

Истовремено, болницата добива и силно кадровско засилување во уште еден клучен сегмент: д-р Емилија Спасовска Златков – специјалист анестезиолог, која доаѓа од приватното здравство и се приклучува на ЈЗУ Општа болница со проширена дејност – Прилеп.

Антезиологијата е столб на современото болничко лекување – неопходна за безбедно изведување оперативни зафати, ефективно управување со болката, како и за стабилизација и поддршка на пациенти во итни и комплексни состојби.

Со доаѓањето на д-р Спасовска Златков, се очекува дополнително зајакнување на капацитетите во:

-подготовка и водење на анестезија за оперативни интервенции,

-подобра организација на хируршките програми и тимската координација,

-поголема безбедност на пациентите пред, за време и по операција,

-подобро третирање и контрола на постоперативната болка.

 

 

Овие засилувања имаат директно значење за целокупниот болнички систем, затоа што овие две области се тесно поврзани во практиката – особено кај хируршките интервенции и третманот на трауми. Со тоа, установата добива поголема функционалност, поквалитетна услуга и подобра подготвеност за зголемен обем на пациенти.

ЈЗУ Општа болница со проширена дејност – Прилеп продолжува посветено да работи на јакнење на стручните тимови и унапредување на здравствените услуги за граѓаните на Прилеп и регионот.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми