„Љубов и вино“ е поетско музичка манифестација што на 13 февруари по четврт пат во Ликовниот салон ќе ја реализираат Центарот за култура „Марко Цепенков“ и Клубот на литературни творци – Прилеп.
Вечерта ќе биде посветена на љубовта и виното.
„Ќе думаме за љубовта, за првите бакнежи… за виното и ќе го празнуваме 14-ти февраури, св. Трифун и св. Валентајн – Денот на вљубените.
Почитувани творци, ве очекуваме на заедничка поетско музичка дружба залеана со чаша вино!“, велат организаторите.
На манифестацијата можат да учествуваат сите прилепски поети, писатели кои можат да се пријавуваат до 10 февруари на емаил адресата risteskaandriana@gmail.com.
Гости на настанот ќе бидат членките од здружението КУД „Преродба 2024“.