Именуван е нов директор на ЈКП „Комуналец“ – Прилеп. На оваа позиција е назначен Љубиша Јованоски, дипломиран економист, со јасна цел за внесување позитивни промени, унапредување на ефикасноста во работењето и подобрување на услугите кон граѓаните.
„Очекуваме одговорно, транспарентно и посветено управување во интерес на сите прилепчани“, велат од Општина Прилеп.