Колку дрвокрадци има во Прилеп? – Нова тројна акција на Шумската на повеќе локации во Прилеп


Денеска службениците од Шумската полиција од Прилеп реализираа повеќе одделни акции на различни локации, при што се запленети значителни количини бесправно складирана и транспортирана дрвна маса.

Околу 15:00 часот, во атарот на с. Беловодица, беа пронајдени и одземени 2,10 м³ дабови огревни дрва бесправно складирани. Во 17:00 часот, во дворен простор во с. Ропотово, одземени се дополнителни 1,40 м³ дабови огревни дрва, исто така бесправно складирани. Потоа, околу 19:30 часот, на место викано „Шаторов Камен“, беше одземен еден шпедитер натоварен со 1,10 м³ лескови огревни дрва. На истата локација беа пронајдени и дополнителни 1,00 м³ лескови дрва. Сите одземени дрва и средства се предадени во ПШС „Црн Бор“ – Прилеп, а против инволвираните лица се поднесени соодветни пријави согласно закон. Шумската полиција продолжува со засилени контроли на терен и порака дека бесправната сеча, складирање и транспорт на дрва ќе бидат санкционирани без исклучок“, истакнувата од Шумската полиција во Прилеп.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира